Аспиринот ќе се тестира како можен лек против ковид-19?

Фото Архива на СП

Аспиринот, широко распространет лек, кој се користи како средство за спречување на тромбоза, ќе се тестира како можен лек против ковид-19, во едно од најголемите истражувања во Велика Британија, пренесуваат странските медиуми.

Кај пациентите заразени со новиот коронавирусот е зголемена заканата за создавање на крвни згрутчувања поради хипер-реактивните тромбоцити, крвни плочки важни за сопирање на крвавењето, пренесува Хина.

Аспиринот е агенс кој делува антитромбозно и може да го намали ризикот од крвни згрутчувања.

Тестирање на аспиринот

Постојат јасни причини во прилог на тезата дека аспиринот би можел да биде корисен, а освен тоа е безбеден, евтин и широко достапен – вели Петер Хорби, коавтор на истражувањето.

Најмалку 2.000 пациенти би требало дневно да примаат 150 мг аспирин при вообичаен режим.

Податоците за закрепнувањето на пациентите ќе се споредуваат со податоци од најмалку 2.000 други пациенти, кои ќе примаат друга стандардна терапија за ковид-19.

Другите терапии што се тестираат вклучуваат вообичаен антибиотик азитромицин и коктел од антитела од компанијата „Регенерон“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот