Артета не заминува од Арсенал: Разочаран сум и бесен, се измислуваат работи кои можат да повредат некого

Фото: EPA-EFE/VINCE MIGNOTT

Шпанскиот стратег Микел Артета на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар против Нотингем Форест ги демантираше најавите дека ќе го напушти Арсенал на крајот од сезоната.

Во текот на вчерашниот ден од шпанските медиуми се појави информација дека Артета ќе си замине од Арсенал на крајот од сезоната. Оваа информација пристигна по потврдите дека Клоп и Чави нема да бидат тренери на Ливерпул, односно Барселона во наредната сезона.

Сепак, информациите кои се појавија за Артета не се точни, Шпанецот категорично демантираше и порача дека се работи само за лажна вест и ништо повеќе.

„Разочаран сум и бесен. Навистина не можам да поверувам како можат да пишуваат такви работи, да лажат за мене. Не наведуваат извор и изимислуваат лаги кои можат да повредат одредени луѓе. Тоа беше лажна вест и ништо повеќе. Јас сум на место каде што сум среќен и опкружен со вистински луѓе, не размислувам за ништо друго освен за Арсенал. Не сме задоволни од нивото на кое сме сега бидејќи знаеме дека можеме подобро и ќе работиме за да напредуваме“, изјави Артета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот