Артан Груби е кочничар на изградбата на катните гаражи на Клинички центар, обвинува Меџити

клинички центар слободен печат/фото слободан ѓуриќ

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска наброи неколку проекти кои ги почнал за време на своето министерување, ама наишол на пречки и не се остварени.

Така, нема изградени катни гаражи на Клинички центар „Мајка Тереза“ а Меџити за ова го обвини вицепремиерот Артан Груби.

– Замислете, во таков сообраќаен хаос на Клинички, да најдеш решение и да се соочуваш со опструкции лично од Артан Груби за да не може да ги реализираме тие проекти по негова препорака. Во оваа држава се може да ти простат само не успехот. Се борев за правата на граѓаните да добијат подобри услуги и услови и тоа го покажавме. Не верував дека некој ќе се осмели вака да ги кочи работите и да ги опструира, рече Меџити.

Тој кажа дека освен катните гаражи, има опструкции за проширувањето на позитивната листа на лекови, за што проблемот го лоцираше во Фондот за здравство, како и за вработувањето на 1.117 лица од јавното здравство, за што кочничар било Министерството за финансии.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот