Арсовски: Нискиот број на гласови кај двете најголеми партии е изненадување, допрва почнуваат меѓупартиските комбинаторики (ВИДЕО)

Нискиот број на гласови кај двете најголеми партии е изненадување. Мислам дека голем притисок ќе има да не се скршне од она што до сега се правеше во смисла на евро-атлантските интеграции. Математички постојат голем број на комбинации и можни се нови изненадувања, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

-Иако ДУИ има најголем број на мандати, останатите албански партии имаат поголем број на пратеници. Јас мислам дека партиите допрва ќе ги прават меѓупартиски комбинаторики. Не сум сигурен дека ДУИ ќе продолжи со инсистирање на Албанец за премиер и мислам дека тој став ќе се ревидира, вели Арсовски.

-На Македонија и е потребна една изборна единица. Овој изборен модел покажа дека некаде е потребно девет илјади гласови за да се освои пратеник, а некаде со 5 илјади се станува народен избраник.

Мислам дека она што ЕУ прво го гледа е дали имаме стабилна демократија. Меѓународната заедница е многу цврста по прашање на договорите за добрососедство – нема да поддржат партија кој прокламира ревидирање на овие договори, додаде Арсовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот