Арсовска: Вардар е приватна сопственост, не смеело да се дозволи да игра во Втора лига

Фото: Слободен Печат - Драган Митрески/ ФК Вардар

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во гостувањето на „Канал 77’“ помеѓу другите теми ја коментираше и ситуацијата во најтрофејниот македонски клуб, Вардар.

Вардар веќе втора сезона се натпреварува во втората лига. Минатата сезона, црвено-црните не беа толку далеку враќање од најсилната конкуренција, но сепак на крајот мораа да се помират со ситуацијата дека најмалку уште една сезона ќе бидат во второлигашко друштво.

Арсовска во изјавата за Вардар порача дека таа би била спремна да помогне, но таквата одлука не би можела да се донесе еднострано, а клубот во овој момент нема никаква поврзасност со Градот Скопје.

„Вардар е најголема скопска гордост. Претходното раководство ги има пресечено сите релации со Вардар. Градот Скпоје во моментов нема никаква поврзаност со фудбалскиот клуб. Тој е во приватна сопственост, иако сметам дека тоа не е најдобро решение. Од наша страна има расположение да помогнеме, но тоа не е еднострана одлука која треба да се донесе. Не смеело да се дозволи Вардар да испадне во Втората лига“, изјави Арсовска во гостувањето на „Канал 77“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот