Арсенал го претстави Хаверц и го договори најскапото засилување во Премиер лигата

Фото: Arsenal

Германскиот репрезентативец, Каи Хаверц и официјално е нов фудбалер на Арсенал.

„Топџиите“ вечерва го потврдија своето прво големо засилување ова лето и тоа веднаш откако поголем број светски медиуми објавија дека постигнале договор за Даклан Рајс од Вест Хем кој би требало да пристигне за сума од 120 милиони евра што ќе биде рекорд во Премиер лигата.

Хаверц пристигнува од Челси за кој постигна 32 гола и додаде 15 асистенции на 139 натпревари.

„За мене е возбудливо доаѓањето во овој неверојатен клуб, среќен сум што ќе бидам дел од семејството на Арсенал. Станува збор за клуб со голема историја и се надевам дека ќе направиме многу големи работи. Менталитетот на Арсенал е голем и тоа веднаш се чувствува“, изјави Хаверц.

Договорот кој го потпиша Хаверц е со важност до 2028 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот