Аријана Гранде признава дека е преоптоварена со работата: „Потребна ми е пауза“

Instagram
Фотографија: Instagram

Аријана Гранде поминуваше низ турбулентен период предходните година и половина. Откако го објави својот долгоочекуван албум „Sweetener“, поп-пејачката ја погоди веста за самоубиството на нејзиното поранешно момче Мек Милер, а исто така ја раскина и веридбата со својот вереник Пит Дејвидсон.

Од тогаш, таа издаде уште еден албум, нејзиниот најпродаван албум до сега – „Thank u, next“, па ја започна големата светска турнеа која се распродаде со брзина на светлината. Покрај турнејата, поп-ѕвездата издаде уште неколку синглови, а беше и извршен продуцент на саундтракот за филмот „Charlies Angels“.

View this post on Instagram

til next time …. ?

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande) on

Аријана Гранде признава дека е преморена и дека се чувствува дека нејзината приватност е загрозена.

„Уморна сум. После ова ми е потребна долга пауза за да одморам“, напиша таа на Твитер.

„Ветувам дека откако ќе излезе саундтракот, ќе ве оставам на мира и малку ќе исчезнам“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот