Археолошкиот музеј во Скопје осветлен во црвено по повод Светски ден за борба против туберкулозата

Фото: Министерство за здравство

Археолошкиот музеј во Скопје беше осветлен во црвено по повод Светскиот ден за борба против туберкулозата.

Секоја година, на 24 март, се одбележува денот кога д-р Роберт Кох во 1882 го објавил откривањето на бацилот на туберкулоза. Светскиот ден на туберкулозата е повод да се мобилизира политичката и социјалната посветеност за натамошен напредок кон елиминирање на туберкулозата.

Одбележувањето на Светскиот ден за борба против туберкулозата е со цел подигнување на свесноста за глобалната епидемија на туберкулоза и напорите кои се во тек за нејзино елиминирање.

„Овој ден служи како потсетник за изгубените животи од туберкулоза, тековната борба на оние кои живеат со оваа болест и итната потреба за глобална акција за да се стави крај на туберкулозата. Нашата меѓународна кампања има за цел не само да информира и ангажира, туку и да мобилизира ресурси, да се залага за ефективни политики и да го поттикне учеството на заедницата во глобалната борба против ТБ, усогласувајќи се со годинешната тема и целите за да нè доближи до свет без туберкулоза“, информираат од Министерство за здравство.

Годинешно мото за денот на борба против туберулозата „ДА! Можеме да ставиме крај на туберкулозата” која треба да го привлече вниманието кон оваа глобална закана со цел да се впрегне колективната моќ со цел да се стави крај на туберкулозата до 2030 година.

Партнерството „Стоп за ТБ“ ја започна кампањата „Осветли за туберкулозата“ првпат во 2017 година, при што во претходните кампањи со вклучување на над 60 градови ширум светот. Нашата земја, првпат се вклучи во оваа кампања минатата година, кога за истата цел се осветли Камениот Мост во црвено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот