Анкета на Внимание: Многу повеќе фестивали и воздигнување на македонската авторска музика, бараат граѓаните

Дизајнот на плакатот за 46. Денови на македонска музика е на Владимир Лукаш

Во најновата анкета „Внимание“ ги праша граѓаните „Да сте вие министер за македонска музика за еден ден, што би направиле?

Одговорите беа следните: „Би повикал на општ бунт кон се што е политичко и да креираме нова политика од нула“; „Многу би вложила, доста е со срби“;„Многу повеќе фестивали да има, не само во Скопје, туку и низ цела држава“.

Анкетираниот Пере од Нокаут вели дека се би направил во негова моќ , за да ја воздигне македонската авторска музика, да заживее. Некои велат дека би обезбедиле подобри инструменти, друг вели дека би организирал настан каде секој би можел да се пријави и да има простор.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот