Анкета на Стопанската комора: Скапата струја ја „изеде“ металургијата

Стопанска комора Фото: МИА

Скапата струја ги зголемила трошоците на металуршките компании од 260 до фрапантни 470 отсто. Ова го покажала анкетата на Стопанската комора за штетите кои компаниите од разни сектори ги претрпеле од енергетската криза. Кај земјоделските и прехранбените компании трошоците за производство биле зголемени од 75 до 100 отсто, а сето тоа според Биљана Пеева Ѓуриќ од СКСМ резултирало со намален или целосен прекин на работата и отпуштање на работници. Според резултатите од анкетата, никаква државна поддршка не добиле 100-те компании од различни сектори кои беа на слободниот пазар на електрична енергија во кои има преку 100.000 вработени и кои генерираат најголем дел од БДП на државата.

-Просечната цена на електричната енергија која ја плаќале била повисока од 180 евра за мегават час и тоа придонело да им се зголемат трошоците. Во компаниите во земјоделскиот и прехранбениот сектор за 100 отсто биле зголемени трошоците во делот на електричната енергија кои влегуваат во финалната цена на производот, во хемискиот сектор до 250 отсто, во металуршкиот сектор до 470 отсто и во угостителството и туризмот од 80 до 340 отсто. Единствено во текстилната и кожарската индустрија влијанието било до 25 отсто – информираше Пеева Ѓуриќ.

Најголем дел од компаниите укажале и дека ќе им се намали обемот на работа ако и годинава има криза која ќе им ги зголеми трошоците за електрична енергија. Укажуваат и на намалување на конкурентноста во споредба со регионот, бидејќи во регионот има субвенционирана цена на електричната енергија за стопанството.

-Зголемените цени на струјата не можеле да бидат амортизирани со субвенциите – велат од СКСМ.

Стопанствениците се на ставот дека РКЕ треба да ја намали и маржата што се наплаќа за пренос на електрична енергија, бидејќи таа е пресметана во моментот кога цената на струјата беше од 400 до 500 евра за мегават час и не соодветствува на сегашните стабилизирани цени на берзата кои се движат од 120 до 150 евра за мегават час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот