Анкара: Уапсени пет странци кои планирале напад за новогодишната ноќ

Фото: Тема

Припадниците на полициската единица за борба против тероризмот утрово уапсија пет странски државјани. Полицијата наведе дека продолжува операцијата.

Турската полиција денеска уапси пет осомничени екстремисти на Исламска држава, кои наводно планирале напад во Анкара за време на новогодишната ноќ, јави турската новинска агенција Анадолија.

Припадниците на полициската единица за борба против тероризмот утрово уапсија пет странски државјани. Полицијата наведе дека продолжува операцијата.

Според турската приватна новинска агенција ДХА, уапсените се државјани на Ирак.

Исламска држава во Истанбул во првите часови од 2017 година изврши напад врз ноќен клуб, при што загинаа 39 луѓе.

Гувернерот на Истанбул, Али Јерликај изјави дека за безбедноста за време на новогодишната ноќ ангажирани се над 44.000 полицајци и 7.000 припадници на жандармеријата, додека во Анкара ќе бидат распоредени околу 18.000 полицајци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот