Андоновиќ: На претседателските избори во Белорусија, Лукашенко најверојатно единствен кандидат

Лукашенко
Лукашенко

Останатите кандидати на опозицијата кои требаше да се соочат со Лукашенко на овие избори Виктор Барбико и Сергеј Тикановски неодамна беа уапсени.

Во Белорусија за 9 август се закажани редовни претседателски избори на кои судејки според досегашните случувања, единствен кандидат најверојатно ќе биде актуелниот претседател Александар Лукашенко.

Лукашенко кој на престедателската функција се наоѓа точно 25 години најави дека очекува реизбор и продолжување на, како што изјави досегашните успешни политики за напредок на оваа поранешна советска република. Другите двајца кандидати, кои како дел од опозицијата, требаше да излезат и да се спротивстават на актуелниот престедател, се оневозможени да учествуваат во изборниот процес.

Опозициониот лидер Валери Цепкало, кој минатиот месец ја напушти Белорусија, изјави дека белоруските власти не му даваат да се врати во земјата и дека му се закануваат дека ќе го уапсат.

Цепкало е поранешен белоруски амбасадор во САД и се сметаше за главен политички опонент и единствен кандидат кој има шанси да го порази Лукашенко во претседателската трка. Но, пред две недели, властите во Минск му го ускратија правото неговото име да се најде на гласачкото ливче и да биде понудено како изборна опција на граѓаните на Белорусија.

Останатите кандидати на опозицијата кои требаше да се соочат со Лукашенко на овие избори Виктор Барбико и Сергеј Тикановски неодамна беа уапсени.

Лукашенко е на власт полни 25 години во кои е соочен со жестоки критики од меѓународната заедница која го смета за диктатор. Во текот на своето владеење брутално се пресметуваше со своите политички опоненти, под жестока цензура ги држи медиумите, а оние кои одбиваа, беа целосно затворани.

Голем број од неговите политички противници се наоѓаа во затвор. Засега, единствена држава со која соработува е Русија, чија влада и дава подршка на Белорусија и нејзиниот претседател Лукашенко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот