Анџелина Џоли сака да му се освети на Бред Пит: Не може да ја поднесе неговата блискост со Џенифер Анистон!

Фотографија: Instagram

Познатата тројка која ја сочинуваат Анџелина Џоли, Бред Пит и Џенифер Анистон, не престанува да ги полни медиумите, а детали за нивниот меѓусебен однос секојдневно излегуваат на површина.

Иако медиумите веќе со месеци пишуваат за обновената љубов на 51-годишната Џенифер Анистон и 5 години постариот Бред Пит, изгледа дека во целата ситуација „дебелиот крај“ го извлече 44-годишната Анџелина Џоли, која со сите сили се обидува да го „загорчи“ нивниот однос.

View this post on Instagram

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie_offiicial) on

Магазинот „Woman’s Day“ пренесува дека Анџелина едноставно не може да помине преку фактот дека нејзиниот поранешен сопруг е во добри односи со поранешната сопруга, затоа му забранува на Бред да има контакт со Џенифер, бидејќи во спротивно тој не може да ги гледа децата.

View this post on Instagram

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie_offiicial) on

Бред ја опишува Анџелина како кошмар од кој не може да се разбуди, додека Џенифер ја нарекува својата „искра на светло“.

Иако Џоли се надева дека со заканите за одземање на децата ќе успее да го раздели овој пар, тоа само ги спои Бред и Џенифер поблиску, истакнува изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот