Аморим Талеска: Се мачевме многу во Вилнус, верувам дека можеме подобро да одиграме во иднина

фото: Ракометна федерација на Македонија

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија запиша нова важна победа против Литванија во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година.

Ракометарките предводени од селекторот Кристијан Грчевски со 29:33 триумфираа на паркетот во Вилнус со 28:31.

– Денес се мачевме многу. Не успеавме да реализираме некои од нашите планови. Игравме подобро во одбраната и на крајот успеавме да победиме. Беше одличен натпревар, но верувам дека во иднина можеме многу подобро да одиграме – изјави Едуарда Идалина Талеска Аморим која е дел стручниот штаб на Грчевски.

Следните два меча нашата селекција ќе ги има против фаворитот во квалификациската група Шпанија следната година во февруари и март.

Квалификацискиот циклус ќе биде завршен во април со гостинскиот дуел против Азербејџан и дома против Литванија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот