Американскиот амбасадор во Русија, Џон Саливан, денеска се врати во Москва

Џон Саливан/ Фото: ЕПА

Американската Амбасада во Русија денеска соопшти дека амбасадорот Џон Саливан се вратил во Москва по двомесечно отсуство.

„Денеска се вратив во Москва”, напиша Саливан на Твитер, додавајќи дека е подготвен да работи со руските колеги за постигнување „стабилни и предвидливи билатерални односи”.

Неговото враќање во Москва доаѓа неколку дена откако рускиот амбасадор Анатолиј Антонов се врати во Вашингтон.

Враќањето на амбасадорот е дел од договорот меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден, на самитот што се одржа на 16 јуни во Женева.

Дипломатските односи меѓу Москва и Вашингтон се влошија набрзо откако Бајден дојде на власт во јануари. Американските власти ја обвинија Русија за хакерски напади и мешање во изборите во САД.

Руските власти во март го повикаа својот амбасадор во САД на консултации, откако Бајден го спореди Путин со „убиец”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот