Познатиот актер откри дека сакал да изнајми човек да го убие, причината е трогателна

Џанкарло Еспосито / Фото: Suzanne Cordeiro / Shutterstock Editorial / Profimedia

Актерот Џанкарло Еспосито неодамна открил дека сакал да изнајми платен убиец да го убие.

Американскиот актер, најпознат по улогата во серијата „Breaking Bad“, во емисијата „Jim&Sam“ откри дека тоа сакал да го направи поради своето семејство.

Бидејќи се наоѓал во лоша финансиска ситуација, со убиството сакал да го реши финансиското прашање. Планот бил дел од парите од животното осигурување да се проследат на неговото семејство.

– Моето размислување беше: „Еј, дали добиваш животно осигурување ако некој изврши самоубиство? Дали тие добиваат леб?“. Мојата сопруга немаше поим зошто ја прашувам. Потоа почнав да сплеткарам. Кога некој би ме убил, моето семејство би ги добило парите од осигурувањето. Имав четири деца. Сакав да имаат живот – објаснил Еспосито.

Џанкарло Еспосито / Фото: Wikimedia Commons

Тој истакнал дека тоа било во 2008 година и дека во тоа време бил во искушение. За среќа, престанал да размислува за тоа откако сфатил како неговата смрт ќе влијае на децата.

– Тогаш почнав да мислам дека тоа не е одржливо, бидејќи болката што ќе им ја предизвикам ќе трае доживотно, а ќе постои и траума што само ќе ја продолжи генерациската траума од која се обидувам да се оттргнам. Светлината на крајот на тунелот беше снимањето на серијата „Breaking Bad“ – навел актерот.

Најзначајната улога на Еспосито како наркобосот Гас Фринг започнала како гостувачка улога во втората сезона на популарната серија, пред да стане редовен член на актерската екипа. По „Breaking Bad“, Еспосито ја репризирал улогата во серијата „Better Call Saul“, а имал и незаборавни настапи во „The Mandalorian“, „The Boys“ и „Dear White People“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот