Американски експерти тврдат дека темпото на руската офанзива на бојното поле е забавено

Фото: EPA-EFE/STR

Во последниот извештај, Институтот за проучување на војната (ИСВ) вели дека можната украинска контраофанзива во близина на Бахмут предизвикува зголемена загриженост за Русија.

„Темпото на руските офанзивни операции низ бојното поле е забавено во последниве недели, што сугерира дека пролетната офанзива на Русија во Донбас можеби се приближува кон својата кулминација“ се вели во извештајот.

Украинските власти посочија дека значителните руски загуби во близина на Вуледар сериозно ја попречуваат способноста на руските сили да спроведат понатамошни офанзивни операции во регионот на Доњецк.

„Рускиот претседател Владимир Путин ја искористи својата прва посета на Мариупол за да се прикаже себеси како инволвиран воен лидер поради стравувањата од можна идна украинска контраофанзива во јужна Украина“, пишува Институтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот