Американците стравуваат: Пулишиќ на полувремето бил испратен во болница

Фото: EPA-EFE/Ali Haider

САД со вчерашната победа против Иран обезбеди осминафинале на Светското првенство, но Американците сега стравуваат за ситуацијата на еден од своите најдобри фудбалери Кристијан Пулишиќ.

Пулишиќ вчера се повреди при постигнувањето на првиот гол за САД во финишот од првиот дел. Иако изгледаше дека веднаш ќе биде заменет, сепак издржа до паузата, сепак во вториот дел не продолжи.

Според последните информации од Катар, тој веднаш бил испратен во болница на дополнителни прегледи. По изборениот пласман селекторот Белхартер секако доби прашање за состојбата на Пулишиќ, ниту тој не знаеше премногу меѓутоа ја потврди информацијата дека бил во болница.

„Немам подетални информации ниту јас во овој момент.  Тој е еден од нашите најдобри играчи и даде навистина многу за овој тим, не израдува и со првиот гол на натпреварот. За него можам да кажам многу добри работи. Превентивно е во болница бидејќи се жалеше на вртоглавица, доби тежок удар во пределот на стомакот“, изјави американскиот селектор.

Противник на САД во осминафиналната пресметка ќе биде Холандија, а тој натпревар се игра в сабота кога е првиот ден од нокаут фазата на Мундијалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот