Амазон повлече од продажба седум милиони фалсификувани производи во 2023 година.

Американскиот малопродажен и технолошки гигант Амазон повлече од продажба повеќе од седум милиони фалсификувани производи во 2023 година, покажува денеска објавен извештај.

Во 2020 година, компанијата формираше оддел за борба против фалсификување, кој досега поднел тужби и кривични пријави против повеќе од 21.000 правни и физички лица одговорни за нивната продажба, рече потпретседателот на Амазон, Дармеш Мехта.

Мерките против фалсификување вклучуваат производи кои требало да бидат воведени во логистичкиот циклус на Амазон и информирање на компаниите и властите за магацините на фалсификаторите, наведува Амазон.

Од компанијата исто така посочуваат дека сега темелно ги проверуваат продавачите, што ги одвраќа фалсификаторите да отворат нови сметки на нивната платформа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот