Алжир, Нигерија и Нигер планираат да изградат гасовод низ Сахара

Profimedia

Алжир, Нигерија и Нигер потпишаа меморандум за разбирање за изградба на гасовод низ Сахара, соопшти денеска алжирскиот министер за енергетика.

Во јуни, трите земји ги рестартираа преговорите за овој проект, што може да биде можност за Европа да ги диверзифицира своите траси за снабдување со гас.

Гасоводот би бил долг околу 4.000 километри, објави алжирската телевизија Енахар.

Станува збор за проект чија вредност се проценува на 13 милијарди американски долари.

Транссахарскиот гасовод би можел годишно да испорачува до 30 милијарди кубни метри гас во Европа.

Идејата за изградба на природен гасовод низ Сахара се родила пред 40 години. Трите земји потпишаа договор за изградба на гасоводот во 2009 година, но немаше напредок во неговата имплементација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот