Алис Литл тврди дека е најплатената сексуална работничка во Америка – Слободен печат
ЕспресоСекс

Алис Литл тврди дека е најплатената сексуална работничка во Америка

Имав опција и одбрав да бидам легална сексуална работничка. Да, намерно, вели Литл.

Американската сексуална работничка, со потекло од Ирска, тврди дека е најплатената легална сексуална работничка во САД, пишува Мирор. Алис Литл (27) вели дека годишно заработува повеќе од еден милион долари, односно околу 84.000 долари месечно.

„Ако секој месец имам клиент кој ми останува преку ноќ, цената за тоа е околу 20.000 долари. Потоа би требало да имам неколку „странки“ од 10 до 15 илјади долари“, рекла Алис Литл за Refinery29.

„Оние поуспешните во мојата индустрија годишно заработуваат од 400 до 700 илјади долари. Јас заработувам скоро дупло и тоа е неверојатно“, вели Литл.

Таа признава дека никогаш не се замислувала себеси како сексуална работничка, но сакала да најде работа што би ја комбинирала нејзината љубов за интеракција со луѓе со нешто што ќе предизвика да чувствува страст.

„Имав опција и одбрав да бидам легална сексуална работничка. Да, намерно“, вели Литл.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close