Александра Илиева: Саксофонот е продолжение на моето тело

Александра Илиева
Александра Илиева / Фото: Приватна архива

Младата музичарка која студира во Берлин вели дека за неа музиката е портал каде што ги споделува емоциите и креативноста

Александра Илиева е млада и инспиративна девојка, која го освојува светот со својот саксофон. Нејзината музика и перформанси, кои ги споделува на социјалните мрежи, се уживање за сите сетила и го прават нашето секојдневие поподносливо.

Александра Илиева
Александра Илиева / Фото: Приватна архива

Со оваа талентирана 26-годишна девојка, која студира на Универзитетот за уметност во Берлин, Германија, зборувавме за музиката, процесот на создавање и предизвиците со кои се соочува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexandra (@alexandrailieva)

Кога се запознавте со саксофонот и од каде се роди љубовта кон овој инструмент? Дали се сеќавате на тоа чувство и што значеше за Вас?

– Искрено, саксофонот беше меѓу неколкуте инструменти на кои пробав да свирам додека бев во моите почетоци на музиката и тоа се случи точно пред да одлучам со кој инструмент би ја продолжила мојата едукација. Попрецизно, желбата да го пробам саксофонот се роди од секојдневното присуство во училницата на татко ми каде што предава во музичкото училиште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexandra (@alexandrailieva)

Додека студирате на Универзитетот за уметност во Берлин, преработувате многу хитови. Како се одвива тој креативен процес и дали имате амбиции за авторска музика, кои се Вашите планови за иднина?

– Тој процес е прилично предизвикувачки бидејќи бара многу добра организација и инволвира многу енергија. Иако и двете сфери се музички поврзани, не се толку слични и бараат различен тип дисциплина. Но, без разлика, морам да признаам дека го уживам максимално бидејќи истовремено собирам знаење и го користам како портал каде што ги споделувам емоциите и креативноста. А, за авторска музика, го чекам мојот момент (се смее).

Александра Илиева
Александра Илиева / Фото: Приватна архива

Од кого учите и се инспирирате? Кои се Вашите најголеми учители?

– Покрај многуте книги, партитури и универзитетски професори, најмногу инспирација добивам од различните жанрови и изведувачи на музика. Имам можност да запознаам, да соработувам и да учам од различни луѓе и места, кои ме инспирираат и надополнуваат во мојот артистички процес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexandra (@alexandrailieva)

Неодамна свиревте на Малдивите. Раскажете ни нешто повеќе за тоа искуство и како реагираше тамошната публика на Вашиот перформанс?

– Беше апсолутно магично. Среќна сум што имав можност веќе вторпат да бидам дел од таков хепенинг. Изразувам благодарност до мојот драг колега, гитаристот Дамјан Пејчиноски, кој е фронтмен и креатор на бендот и кој го збогати со различни инструменталисти, каде што се изведуваа повеќе жанрови музика. Добив впечаток дека луѓето уживаа во добра забава во рајската околина.

Александра Илиева
Александра Илиева / Фото: Приватна архива

Кога човек ги гледа Вашите перформанси, лесно е да му се потврди стереотипот дека „водите љубов“ со инструментот. Од каде ја црпите таа слобода во изразот?

– Тоа звучи како многу лично прашање, речиси и поцрвенев (се смее). Не, всушност, прашањето е одлично! И многу често немам објаснување што би звучело како решение од каде доаѓа тоа, но една моја пријателка имаше многу добра реплика и ја опиша толку добро што мислам дека тоа е вистинскиот одговор. Цитирам: „Саксофонот е продолжение на твоето тело. Изгледаш толку природно додека свириш“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexandra (@alexandrailieva)

Настапите пред „жедната“ публика дури и за најискусните уметници честопати знаат да предизвикаат чувство на непријатност. Дали и Вас некогаш Ве обзема несигурност и како се справувате со тоа?

– И тоа како. Без разлика кој настап по ред ми е, секој си носи огромна одговорност. Секогаш се надоградуваме со искуство од настап до настап, музицираш со различни типови артисти. Учиш како треба и како не треба, но главната цел е да не заборавиш дека публиката што веќе е таму, те слуша и твоја должност е да ја отвориш душата и да создадеш конекција каде што сцената ќе биде дом за сите присутни.

Александра Илиева
Александра Илиева / Фото: Приватна архива

Дали музиката ќе го спаси светот?

– Музиката е нега за себе. Така што, како индивидуалци колку ќе придонесеме – дали со креирање, слушање или поддржување, толку и ќе се спасиме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexandra (@alexandrailieva)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexandra (@alexandrailieva)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот