Албанските инвестиции во странство достигнаа нов историски рекорд

Албанските инвестиции во странство поставија нов историски рекорд во првата половина од годинава. Според податоците на Банката на Албанија, за јуни месец од 2023 година вредноста на инвестициите на албанските компании во странство достигна 126 милиони евра, 40% повеќе во споредба со истиот период пред една година, пренесува Балкан Веб.

Ова е и највисокото историско ниво на албански инвестиции во странство,откако се прави оваа статистика од 2008 година. Во најголем дел, албанските инвестиции се канализираат во директни придонеси во капиталот на компаниите контролирани во странство.

Овие капитални инјекции сочинуваат повеќе од 72 отсто од новиот проток на албански инвестиции во странство. Остатокот главно се состои во форма на заеми дадени од албански акционери на подружници лоцирани во странство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот