Албанскиот селектор по жрепката за ЕП: Во нашата група недостасуваат уште само Бразил и Аргентина

фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Со жрепка ги дознавме сите групи на Европското фудбалско првенство кое ќе се одржи следната година во Германија.

Албанската репрезентација преку квалификациите обезбеди пласман на ЕП, а таму ќе игра против еден од најквалитетните репрезентации на континенталниот собир, Шпанија, Италија и Хрватска.

Албанскиот селектор, Бразилецот Силвињо ја коментираше групата, воедно малку и се шегуваше свесен дека неговите фудбалери добија силни ривали кои се очекува да бидат фаворити за титулата:

– Недостасуваат уште само Бразил и Аргентина. За Албанија секој избор би бил тежок. На Европското првенство нема лесни противници. Добивме репрезентации кои имаат огромно искуство да играат на вакви турнири. Тоа е голем предизвик за нас. Сите се фаворити против нас, но беа и Полска и Чешка. Работев во Италија, живеев и играв во Шпанија. Ги знам и двата фудбалски менталитети. Можеби ќе ми помогне подобро да го подготвам тимот – рече Силвињо.

Првиот меч на ЕП Албанија ќе го има на 15 јуни против Италија во Дортмунд, четири дена подоцна во Хамбург се среќава со Хрватска, а на 24 јуни против Шпанија во Дизелдорф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот