Албанскиот фудбалер од редовите на Лацио избегнал трагедија: Ферарито му запалило во возење

Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Aлбанскиот фудбалер од редовите на Лацио, Елсаид Хисај поминал низ вистинска драма откако неговиот автомобил од марката „Ферари“ му се запалил во текот на возењето.

Како што откри 30-годишниот фудбалер во изјава за медиумите несреќата се случила додека бил во автомобилот со таткото на неговата сопруга. Преку социјалните мрежи Хисај испрати и благодарност до фановите за грижата која ја покажале.

„Некои медиуми објавија за настанот кој се случи пред неколку дена. Сакам да нагласам дека сум добро, како и луѓето кои беа со мене. Причина за несреќата е неисправниот автомобил, добро е што пожарот брзо го забележав и го запрев возилото. За среќа без никаква штета кон други луѓе или автомобили. Немаше сообраќајна несреќа и се е во ред. Ви благодарам за пораките кои ми ги испраќате“, објави Хисај.

Според проценките неговиот автомобил кој се запалил бил во вредност од околу 160.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот