Албанија за првпат пријави над 600 новозаразени со ковид-19 за едно деноноќие

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Албанија во последното деноноќие за првпат регистрира над 600 заразени со ковид-19.

– Продолжува неповолниот тренд на заразени со ковид-19. Во последните 24 часа од тестираните 2.241 сомнителен случај, вирусот е дијагностициран кај 602 лица, што е највисока бројка досега. Во исто време е забележана и рекордна бројка на оздравени 564 пациенти, додека осум лица починаа во болнички услови, информираше Министертвото за здравство и социјална заштита.

Зголемен е бројот и на хоспитализирани лица. Во трите ковид болници се лекуваат 406 пациенти од активните 14.348 случаи во земјата.

Од почетокот на панедмијата се направени 157.891 тестови, позитивени на вирусот биле 28.432, оздравеле 13.453 а починале 631 лице.

Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу информира дека аплицирале за набавка на вакцината против ковид-19 преку Ковакс механизмот. Според неа, ќе бидат набавени 1.140.000 милиони дози на вакцини за што се издвоени средства во износ од 3,9 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот