Албанија: Уапсен осомничениот македонски државјанин за двојно убиство во Тирана пред малолетни деца

Албанската полиција го лиши од слобода македонскиот државјанин кој претпладнево со истрели од огнено оружје усмрти две жени во Тирана.

– Како резултат на интензивните акитвности и опколување на поширокото подрачје, полициските служненици го уапсија македонскиот државјанин Перпарим Адеми (59), осомничен за двојно убиство. Уапсениот се наоѓа во Управата на полицијата во Тирана за понатамошна постапка, стои во полициското соопштение.

Како што претходно информираше директорот на полицијата на Тирана, Ребени Јаупи, македонскиот државјанин претпладнево околу 10:20 часот, во нивниот дом во населбата „Астир” во Тирана, смртно ги застрелал Кристина Барди, со која живеел во вонбрачна заедница и нејзината сестра Жанета Метани, пред две малолетни деца.

Македонски државјанин осомничен за убиство на две жени во Тирана

Според првичните истражни дејствија, до инциедентот дошло по расправија меѓу Адеми и Барди околу продолжувањето на вонбрачната заедница што Барди сакала да ја прекине.

Адеми, според полицијата, пред неколку години го сменил претходното презиме Тела, живеел и во Македонија и во Тирана, а од пред неколку месеци само во Тирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот