Албанија: Старт на изборната кампања во сенка на „полициски час“ и забрана за групирање

Фото: emerging-europe.com

Еден ден пред официјалниот почеток на изборната кампања за парламентарните избори во Албанија што се закажани на 25 април, Комитетот на експерти за справување со пандемијата ги продолжи ограничувачките мерки за уште две недели. Веста ја соопшти претседателката на комитетот и заменик министерка за здравство, Мира Ракацоли, додавајќи дека продолжува полицискот час и забраната за групирање.

Тоа значи негативен одговор на барањето на дел на политичките партии да се укине забраната за групирање и собири.

Според Ракацоли, постои тренд на опаѓање на новозаразените, кој е стабилен, што е резултат на ефикасноста на мерките предложени од Комитетот, но и забележаниот позитивен тренд во почитувањето на мерките од страна на населението.

– И покрај намалувањето на инциденцата, сепак останува на нивото што сугерира дека состојбата продолжува да биде деликатна и незадоволителна, па затоа Комитетот одлучи мерките да останат на исто ниво уште две недели. Продолжува да биде истиот полициски час од 20 до шест часот, како и забраната за групирање на повеќе од 10 лица, истакна Ракацоли.

Таа додаде дека се уште не се размислува за отворање на унивезитетите, што значи наставата продолжуваат онлајн.

Во меѓувреме, според Министерството за здравство во последното деноноќие, ковид-19 е дијагностициран кај 448 лица, од направените 2.475 тестови, а починаа 15 лица на визраст од 58 до 87 години. Во моментот активни на болеста се 32.931 лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот