Албанци со рибарски чамец сакале да прошверцуваат дрога преку Охридско Езеро

Поглед од Галичица кон Охридското Езеро / фото: Национален парк Галичица/Фејсбук

Припадници на полицискиот комесаријат од албанскиот град Корча спречиле шверц на марихуана со рибарски чамец, од Албанија во Северна Македонија преку Охридското Езеро.

Уапсени се четири лица, браќата А.Т.(51) и А.Т.(43) жители на селото Пискупат, како и Р.С.(45) и Т.Б.(53) жители на Лин.

„Според сознанијата од едномесечната истрага, делувале како група, а марихуаната, пред да ја транспортираат во Северна Македонија, ја складирле во близина на мрестилиштето за коран, во Подградец, каде биле вработени двајца од уапсените. Потоа со рибарски чамец ја транспортирале преку езерото на македонска територија“, стои во полициското соопштение.

Во акцијата „Рестарт 15″ запленети се 26 килограми марихуана, рибарски чамец, две патнички моторни возила и четири мобилни телефони.

За транспорт на дрогата наплатувале по 500 евра по килограм.

Ова е последователна, петнаесетта по ред, успешна акција на полицијата во рамки на операцијата „Рестарт”, во спречување шверц на марихуана од албанска на македонска територија преку Охридското Езеро.

Според полицијата, во соработка со македонската полиција, се работи на откривање и изведување пред лицето на правдата на останатите лица вклучени во оваа нелегална активност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот