Ако се спрема Апокалипса, што ќе прави секој хороскопски знак?

Астрологија, знаци/Пиксабеј
Фото: Пиксабеј

Сите сме гледале по некој филм со катаклизма која го прикажува крајот на светот. Но, астролозите сега ги поделија своите видувања според тоа како зодијачките знаци ќе се подготват за тој немил настан.

Елемент оган: Овен, Лав, Стрелец

Огнените знаци во стресни ситуации наоѓаат најразлични начини за да ја зачуваат својате енергија. Тие тогаш мислат само на себеси и своите најблиски, така што теоретски, крај на светот за нив би била прекрасна прилика да ви ја докажат и покажат својата љубов. Овновите пред „зомби апокалипсата“ веднаш ќе тркнат по опрема – ладен челик и огнено оружје. Со оглед на нивното размислување најверојатно би преживеале Апокалипса.

Лавовите пред крајот на светот ќе приредат забава, се разбира на која ќе бидат главна ѕвезда исклучиво тие. По забавата, ќе се трудат да биде се’ под контрола, затоа што ако нешто не е по нивно, ги фаќа нервоза. Стрелците пак, во клучни ситуации би се однесувале како бранители и мировни посредници и би го воспоставувале редот и туѓите потреби. Најекстремните стрелци би побегнале во дивина, живеејќи осаменички и изолирано во единство со природата.

Елемент земја: Бик, Девица, Јарец

Земјените знаци се однесуваат доста различно во кризни ситуации, и покрај тоа што се припадници на истиот елемент. Бик, Девица и Јарец можат самоуверено да издржат со условите на една апокалипса, сметаат астролозите. Бикот прво ќе направи големи залихи намирници, но и заштитна опрема. Ќе си ја заштитат куќата и имотот од вандализам. Девицата прва ќе вика „Ви реков“. Јарецот ќе работи до крајот на светот – нему алармот ќе му ѕвони во 7 наутро, без оглед кога доаѓа Апокалипсата.

Елемент воздух: Близнаци, Вага, Водолија

Воздушните знаци дефинитивно нема да се заклучат дома. Ќе организраат луди забави. Тоа ќе биде уште еден од низата рамнодушни според нив настани. Близнаците ќе почнат да комуницираат со сите што ги знаат, барајќи љубов во последните пет минути. Вагата ќе сака да изгледа добро до самиот крај и ќе се оддаде на шопинг, хедонизам, некое патување на кое ќе биде целосно предадена на сетилни задоволства. Водолиите ќе бидат најголеми визионери од сите – за нив ова е предизвик да се исправи ситуацијата. Тие сакаат да го спасат светот.

Елемент вода: Рак, Скорпија, Риби

Водените знаци ментално секој ден преживуваат некаква апокалипса, па навикнати се на тоа чувство. Но, во стварноста, можат да изненадат. Раковите прво ќе паничат, затоа што тоа е нивното природно однесување, нивните најблиски ќе мораат да ги трпат затоа што и самиот Рак нема да знае што со себе до судниот миг. Скорпиите ќе си набават пуканки и ќе ја чекаат апокалипсата – за нив тоа е време за одмазда, дури и по цена да ги снема и самите нив. Рибите ќе се потрудат да сфатат зошто сево ова се случува. Пред крај на светот можете да ги пронајдете во длабока медитација и интроспекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот