Ако пиете, вашиот следен автомобил, нема да сака да запали!

Фото: Профимедиа

За неколку години, вашиот автомобил веројатно ќе знае дали сте испиле премногу и може да ве спречи да возите – дури и ако мислите дека сте доволно трезни за да возите, објави Телеграф рс.

Експертите велат дека софистицираните технологии за откривање алкохол што сега се развиваат би можеле да спречат сообраќајни несреќи и да спасат животи.

Тие технологии наскоро ќе бидат потребни во секој нов автомобил: минатогодишниот Закон за инвестиции во инфраструктурата и работни места и даде на федералната влада на САД можност до ноември 2024 година, да создаде правило за тоа како ќе се имплементираат овие системи за спречување на возење во алкохолизирана состојба.

За разлика од постоечките алкотестатори, кои бараат од лицето силно да дува во устата, новиот систем автоматски ја одредува концентрацијата на алкохол кај возачот со помош на сензор во вратата или во управувачот кој го доловува здивот на лицето. Зрак од инфрацрвена светлина потоа се насочува кон молекулите во здивот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот