Ако малите фирми не преземат мерки, ќе останеме без свинско месо

Фото: Архива

Ако малите свињарски фарми не ги сфатат сериозно препораките за преземање на соодветните мерки против африканска чума, земјава може да остане без свинско месо, предупредија денеска учесниците на обуката „Мисија за одржлива техничка помош (STM) за африканска свинска чума во Северна Македонија“ што ја организира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Како што беше истакнато, месечно се јавуваат по еден до два нови случаја на болеста во земјава и тоа токму кај нерегистрираните, мали семејни фарми, кои не обрнуваат големо внимание на биосигурносните мерки.

Од првиот случај во 2022 година до денес, кај нас се регистрирани 62 жаришта, а депопулација е извршена на повеќе од 14.000 свињи.

– Проблемот со свинската чума трае веќе две години и има голем процент на заразеност во сите делови на државата. За жал, малите фармери, тие што не се регистрирани, не ги сфаќаат пораките од Агенцијата за храна и ветеринарство и од поголемите фарми и ние сме на удар. Болеста не е зооноза, но сепак се одразува врз економскиот дел, и ако продолжи вака, би можеле да останеме без свинско месо на македонските трпези. Затоа, акцентот треба да се стави, пред сè, на малите фарми, да се подигне нивото на свест за да можеме сите заедно да се бориме со овој горчлив проблем – изјави претседателот на Здружението на свињарски фарми „Македонско прасе“ Бојан Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот