Акција на Европол: Откриена криминална група која договарала лажни бракови во Шпанија

Фото: EPA/LEX VAN LIESHOUT

За време на акцијата, изврешени се 11 претреси на имоти и компании, а уапсени се 30 лица, запленети се луксузни автомобили и повеќе од 10.000 евра во готово.

Шпанската полиција во соработка со Европол разби огранизирана криминална група која договарала фиктивни бракови, со цел да обезбеди постојани работни дозволи за престој за нелегални мигранти во Шпанија.

За време на акцијата, изврешени се 11 претреси на имоти и компании, а уапсени се 30 лица, запленети се луксузни автомобили и повеќе од 10.000 евра во готово.

Откриени се и голем број на документи според кои се плаќало од осум до 12 илјади евра за тие услуги, соопшти Европол, додавајќи дека акцијата е спроведена на 10 декември.

Криминалната група, како што се наведува, наоѓала жени од Шпанија кои влегувале во фиктивни бракови со имигранти кои не потекнуваат од држави членки на ЕУ, за да го формализираат нивниот престој во Европа, како и за да можат да ги остварат сите права.

Тие за лажните бракови добивале надоместок од 3.000 евра.

Членовите на оваа оранизирана криминална група, кои се државјани на Мароко и Шпанија, биле сопственици на неколку компании кои ги регистрирале жените како свои вработени и така им ги исплаќале парите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот