Ај-Ти-Ви: Британските научници не се сигурни дека вакцините ќе делуваат против новиот вид на коронавирус

Научници во Велика Британија не се целосно убедени дека вакцините против Ковид-19 ќе бидат ефикасни врз новата мутација на коронавирусот пронајдена во Јужна Африка. Тоа го тврди политичкиот уредник на Ај-Ти-Ви (ITV), кој се повикува на неименуван научен советник во британска Влада.

„Според владиниот научен советник, причината за загриженоста на министерот Мет Хенкок е јужноафриканската мутација на вирусот и фактот дека тие не се убедени дека вакцините ќе бидат ефикасни против него, како што е случајот со британската верзија”, изјави политичкиот уредник на Ај-Ти-Ви, Роберт Пестон. Неговата изјава ја пренесоа Ројтерс и другите британски медиуми.

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок претходно денеска изјави дека е неверојатно загрижен за новиот вид на Ковид 19.

Владината агенција за јавно здравје не одговори на повиците на локалните медиуми во врска со коментарите на Престон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот