Aхмети и Села ставија параф на коалицискиот договор

Села и Ахмети ги здружија силите и заедно ќе се борат на претстојните парламентарни избори. Првиот човек на ДУИ и Зијадин Села од Алијанса за Албанците во Гостивар ставија потпис на коалицискиот договор.

Досега се споменуваа некои имиња кои ќе се најдат на списокот на пратеници. Меѓу нив се Елми Азири, Илире Даути, Наим Бајрами, а се очекува да има уште неколку имиња.ќ

Зад Европскиот фронт, предводен од ДУИ досега застана Народното движење на Скендер Реџепи, ДПА со Мендух Тачи и ЕДП на Аријанит Хоџа. Договори се потпишани и со Сојузот на Ромите, Турската демократска партија и Движењето на Турците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот