Ахмети до албанската опозиција: Не е добро да се демонстрира патриотизам со Законот за државјанство

Фото: Драган Митревски/ Слободен печат

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, објави дека се консултираат европски специјалисти за Законот за државјанство и дека се водат дискусии за истиот. Коментирајќи ја најавената блокада на албанската опозиција за секој закон кои ќе влезе во парламентарна процедура, како одговор на големиот број измени и дополнувања поднесени на закон Законот за државјанство од страна на македонските партии, Ахмети смета дека на овој процес треба рационално да му се пристапи.

– Во никој случај не треба да се партизира или да се политизира прашањето за Законот за државјанство. Не е добро да се прават блокади и да се демонстрира лажен патриотизам, ниту Македонците, ниту Албанците. Трба рационалност, за одржливи решенија, изјавил Ахмети пред новинарите во тетовско Теарце, каде заедно со вицепремиерот Артан Груби, и министерката за образование и наука, Мила Царовска присуствуваше на пуштањето во употреба на новоизградената спортска сала во основното училиште „Фаик Коница“ во с.Доброште.

Инаку, албанската опозиција АА и ААА најави блокирање на секој предлог Закон кој ќе влезе во парламентарна процедура, бидејќи според нив, законот за државјанство предложен од нив, како што истакнуват е поважен од било кој друг закон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот