Аеродромот во Франкфурт доби станица за тестирање од коронавирус

epa08503438 Passengers wait in front of a counter in a terminal of the international airport in Frankfurt am Main, Germany, 23 June 2020. According to media reports, the German government and Lufthansa have reached an agreement on a bailout rescue package. On 25 June 2020 Lufthansa will hold its Annual General Meeting. EPA-EFE/RONALD WITTEK

Многу земји директниот влез го условуваат со негативен резултат на тест направен во последните 72 часа.

Најголемиот германски аеродром во Франкфурт е опремен со станица за тестирање на коронавирус, што некои патници ќе ги поштеди од обврската за одење во карантин на одредиштата.

Проектот во понеделникот го покрена германската биотехнолошка компанија Центрогена во соработка со Фрапорт, кој управува со аеродромот и превозникот Луфтханза.

Патниците на Луфтханза при доаѓање и заминување од аеродромот ќе може да се тестираат во одвоената зграда крај терминалот до крајот на мај идната година, според сегашните планови.

Програмата би можела д апослужи како нацрт за отворање на меѓународните граници, истакнуваат во Центрогена, изразувајќи надеж дека тестирањето ќе им помогне на патниците да ги задоволат прописите на одредиштето.

Многу земји директниот влез го условуваат со негативен резултат на тест направен во последните 72 часа.

Патниците би можеле да се тестираат ден пред одењето или по забрзана постапка на самиот ден на патувањето, а резултатите се испраќаат преку дигитална платформа која ги поврзува со картата за летот, објасни извршниот директор на Центрогенеа Арндт Ролфс.

„Со отворањето на центар за тестирање им нудиме на нашите гости можност да се тестираат за летовите или за престој во Германија за да избегнат карантин“, рече директорот на Луфтханза Бјорн Бекер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот