Аеродромци можат да добијат субвенции за нови велосипеди и електрични тротинети

Фото: Општина Аеродром

Во рамки на Европската недела на мобилност која се одбележува во текот на септември, Општина Аеродром објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на нови велосипеди и електрични тротинети.

И оваа година, општината ќе покрива средства во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3 000 денари, како и 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 5 000 денари по лице.

Доделувањето на субвенциите, како што велат од Аеродром, ќе биде според принципот „прв дојден – прв услужен“, a можат да аплицираат жителите на општината што купиле велосипед во 2023 година, заклучно со 17 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот