Адвокатот на рускиот опозиционер: Навални губи чувство во рацете и нозете, неговото здравје се влошува

Се влошува здравствената состојба на рускиот опозиционер Алексеј Навални и тој почнува да го губи чувството во рацете и нозете, изјави неговиот адвокат Вадим Кобзев.

Адвокатот кажа дека кај Навални, кој е на издржување затворска казна, се дијагностицирани две хернии на ‘рбетниот столб.

По вчерашната посета на Навални, Кобзев на Твитер напиша дека рускиот опозиционер чувствува болка при одење и изрази загриженост дека неговата болест „очигледно напреднала”, со губење на чувството на нозете, дланките и зглобовите, пренесе Би-Би-Си.

Навални, кој издржува затворска казна во траење од две и пол години, минатата недела почна  штрајк со глад во знак на протест, како што наведе, одбивањето на затворските власти да го третираат правилно за акутните болки во грбот и нозете.

Казнено-поправниот дом ги негираше неговите тврдења, наведувајќи дека му е укажана целата медицинска помош, во согласност со индикациите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот