Адвокатот ја советуваше Јанева да не одговара на новинарски прашања: Не си на распит

фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Новинарите ја бомбардираа со прашања специјалната јавна обвинителка Катица Јанева откако таа излезе од распитот во ОЈО за случајот „Рекет“.

Тие ја прашуваа зошто нејзиниот телефон бил предаден во ОЈО откако бил форматиран. Јанева демантираше такво нешто. Јанева не даде одговор ниту на прашањата, каде е Орце Камчев и за што му рекла „Ќе биде се ок“.

На крајот, адвокатот ја посоветува дека не е на распит, да не одговара на новинарски прашања, по што ја повлече да си одат.

„Катица, пополека, смири се“.  „Бидете попристојни, разговарате со обвинител“.  „Ајде Катица да си одиме“.

Овие „команди“ ѝ ги суфлираше нејзиниот адвокат Стеван Павлевски кој е и адвокат на Цветан Панделески обвинет во аферата „Империја“, случај на Специјалното јавно обвинителство.

По советите на Павлески, Јанева престана да збори отворено и даде изјава дека денес во ОЈО дала исказ како сведок и дека на следните рочишта за случаевите на СЈО што се случуваат во скопските судови ќе се види со новинарите и ќе им пренесе нови моменти за случајот „Рекет“ доколку има.

Јанева не чувствува вина за случајот „Рекет“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот