Јанева не чувствува вина за случајот „Рекет“

фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева предмалку излезе од ОЈО каде беше на распит за случајот „Рекет“. Како што посочи таа, била повикана во својство на сведок.

Јанева не сакаше да открие детали околу распитот, нагласувајќи дека станува збор за истрага.

– Ќе има судење, ќе се гледаме на суд – им рече Јанева на новинарите кои ја бомбардираа со прашања.

Запрашана дали си го препознава гласот во снимките кои ги објави италијански весник, Јанева со насмевка на лицето одговори дека не смее да каже ништо за тоа оти случајот е во истражна постапка.

– Два мои телефони се одземени и се дадени на вештачење. Третиот телефон е тој што е изгубен – одговори Јанева на новинарско прашање до каде е вештачењето на телефонскиот апарат кој и беше земен од ОЈО и даден во МВР на вештачење.

Во истрагата „Рекет“, осомничени за изнуда на 1,5 милиони евра со тргување со влијание врз јавен обвинител и перење пари се Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, кои се во притвор од 15 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот