АБА2: Пелистер поразен од директниот конкурент за повисок пласман

Фото: NLB ABA League 2

Откако претходно ТФТ запиша убедлив пораз во дуелот со лидерот во овој регуларен дел од сезоната, екипата на Хелиос нешто подоцна загуби и Пелистер од Подгорица, директниот конкурент за што повисок пласман по 13 одиграни кола.

Кошаркарите на Пелистер имаа одличен почеток, десет минути од играта во кој дојдоа и до десет поени предност (28:18).

Но тоа беше и најдоброто од составот кој го предводи тренерот Марјан Илиевски. До полувремето екипата од Подгорица „симна“ добар дел од двоцифрената негатива (43:47), а по одморот го сврте резултатот во своја полза (68:66).

„Пелистерци“ останаа без одговор во четвртината на одлука. Особено слаби беа во дефанзивните задачи. Му дозволија на противникот да реализира 29. поени. Дадоа само 18, па мораше да се помират со шестиот неуспех во 13. одиграни мечеви во овој регуларен дел од сезоната.

Поразот од директниот конкурент го стави (привремено) составот од Битола на седмото место на табеата во пресрет на дуелот Сутјеска-Слога Краљево кој треба да го даде и осмиот учесник во доигрувањето, односно плеј-офот.

Во зависност од исходот на тој меч ( се игра вечерва) Пелистер ќе се надева на седмата позиција (победа на екиата од Краљево), а ја има осигурано осмата која за ривал во четвртфиналето им го носи и најдобриот во регуларниот дел – домаќинот на завршниот турнир, Хелиос од Домжале.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот