АБА лигата го промени форматот, осум клубови ќе играат во плеј-офот

војдан стојановски мзт
МЗТ се враќа во јадранската кошаркарска елита/Фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Регионалната кошаркарска АБА лига одлучи во новата сезона, по завршувањето на регуларниот дел од натпреварување, во плеј-офот да играат осумте најдобро пласирани клубови.

– Собранието на АБА лигата на седницата во Бар го усвои Статутот на натпреварувањето, како и сите други потребни прописи и акти, кои се однесуваат на непречениот почеток и тек на сезоната 2022/2023. Собранието донесе одлука дека идната сезона во плеј-офот ќе учествуваат осум клуба – соопшти АБА лигата.

Четвртфиналето и полуфиналето ќе се играат на два добиени натпревари, а шампион ќе биде екипата која прва ќе стигне до три триумфи во финалето.

– По конструктивна дебата и анализа на сите аспекти на функционирањето, донесовме низа одлуки кои гарантираат понатамошен напредок на натпреварувањето – стои во соопштението на АБА лигата.

Новата сезона во АБА лигата ќе започне на 30 септември, а Црвена звезда ја брани титулата. Потсетување дека македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром се врати во елитата, а во првото коло ќе гостува токму кај актуелниот првак Црвена звезда. Во другите мечеви на стартот се среќаваат: Будуќност – Сплит, Цедевита Олимпија – Борац, ФМП – Мега, Игокеа – Морнар, Задар – Дерби и Цибона – Партизан.

МЗТ Скопје Аеродром ја почнува одбраната на титулата против ТФТ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот