76 санкционирани возачи во Скопје

Повеќе од илјада жртви има на патиштата во Западен Балкан, а за поголема безбедност и намалување на бројот на сообраќајни несреќи потребен е сеопфатен пристап во кој ќе биде вклучено целото општество / Фото: РСБСП

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.11.2021) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 76 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14, седум санкции за возење повеќе од дозволената брзина, пет мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири за нерегистрирани возила.

Сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот