60 пакети со храна за гладните ученици од Кавадарци и од Росоман

Црвен крст. / Фото: МИА

Црвен крст Кавадарци со низа активности е вклучен во борба против гладта, информираа од хуманитарната организација.

– Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Кавадарци, е активен во кампањата против гладта. Најнапред граѓаните беа информирани за планираните активности, меѓу другото и преку пригодните материјали-електронски флаери, што беа искористени за акцијата со училиштата во Кавадарци и Росоман. Шеесет пакети со храна беа обезбедени со поддршка на компанијата Алијанс уан и од финансиски средства собрани од членови од Клубот на млади, кои беа донирани на ученици од социјално загрозени семејства, од седум основни училишта од Кавадарци и Росоман, соопштија од кавадаречкиот Црвен крст.

Волонтерите од Клубот на млади, како што информираат, помогнале во дистрибуцијата на помошта до крајните корисници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот