5:37… Морам да ја измијам косата, тој секогаш ми вели: “Мамо, сакам да заспијам со твојата миризлива коса…“

северина
Принтскрин/Инстаграм

Со судска одлука малиот Александар Поповиќ (7,5) од неодамна живее со татко му, бизнисменот Милан Поповиќ (54), а мајка му Северина Којиќ ќе може да го гледа само двапати неделно и тоа на пет часа, како и секој втор викенд од сабота наутро до недела навечер.

Пејачката, по отвореното писмо во кое го осуди судот кој донесе таква одлука, напиша и текст во кој раскажала како се чуствувала минатата сабота, кога синот на два дена беше кај неа.

– Се будам, 5:37, сабота е. Сопругот ми вели – спиј уште малку. Го бакнувам и му велам – а, не, морам да ја измијам косата, ни доаѓа тој… Александар секогаш ми вели – мама, сакам да заспивам со твојата миризлива коса и за тоа што си топла и мека… Ја сушам косата и се гледам, а во огледалото можам да видам жена која ми вели: Исуши ја косата, нашминкај се, облечи го оној домашен фустан кој тој го сака. Ти доаѓа тој. Доаѓа мојот син во 10 часот. И моите мисли наеднаш се распрскуваат, бидејќи тој се претвара во секоја моја мисла и секоја моја мисла се претвара во него – напишала Северина.

Фото: Инстаграм

Северина се потсетила и на своето детство, па овој однос со синот го спореди со себе си и нејзината мајка.

– Ми ѕвони мајка ми околу 7:15 часот и ми вели по далматински – алооо, доаѓам и јас од Сплит. Ми доаѓа мојата мајка, на мојата среќа и нема крај. Секогаш знаела како и на кој начин ми треба. Се чудев како ми дава шамивче пред да кивнам, знаеше кога ќе се разболам и по ѕвончето знаеше каква оцена сум добила на училиште. Мислев дека има посебна моќ на знаење. Сега, кога сум мајка, знам како всушност знаела. Едноставно знаеш – раскажала Северина за хрватски медиум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот