5 Мај – Ден на македонскиот јазик: Инспиративни цитати од Конески, таткото на современиот македонски литературен јазик

Фото: МИА

На денешен ден, 5 мај, го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, денот кога во 1945 година е озаконета македонската азбука. На Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година, македонскиот јазик за првпат и официјално станува службен јазик. По официјализирањето, на 5 мај 1945 година со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, азбука којашто исто така се надоврзува на претходната писмена традиција – црковнословенската кирилица, реформираната кирилица, т.н. граѓанка, како и графискиот систем што го користи Мисирков.

По тој повод ви издвојуваме неколку цитати од Блаже Конески, еден од доајените на македонската книжевност и татко на современиот македонскиот литературен јазик.

„Убавите жени, несреќните жени, тие брзо прецутувале, како цут од кајсија, како мајски јоргован.“ – Извадок од „Убавите жени“.

 

„Какви порази сме морале да издржиме, какви срамови, какви поруги. Боже, умот дури ми се свртува!“ – Извадок од „Преживување“.

 

„Два конца парај од срцето драги, едниот црн е, а другиот црвен, едниот буди морничави траги, другиот копнеж и светол и стрвен.“

 

„Смирноста е мудра, страсноста е глупа. Ќе седнам во паркот на некоја клупа.“– Извадок од „Починка“.

 

„Јазикот е нашата татковина.“

 

„Послушајте Македонци! Јазикот е единствената наша татковина. Се‘ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледма ејазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште. “

ФОТО | Љубовта кон македонскиот јазик ги спои Сила од Турција и Миколај од Полска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот