11-годишни деца од Тетово направиле список со имиња на соученици и закани

Фото: илустрација / M. Vorel / Libreshot.com

11-годишни деца од Тетово завршиле во полициска станица откако во училишниот тоалет оставиле лист со испишани имиња на нивни соученици и закани кон нив, соопшти МВР.

„Денеска, во присуство на нивните родители, психолог и педагог, извршен е службен разговор со 11-годишна малолетничка и 11-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава во СВР Тетово дека во тоалет во основното училиште каде учат, оставиле лист хартија со имиња на ученици и закани кон нив“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според информацијата од тетовската полиција, известен е Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот