Анкета: Тесна разликата меѓу Пендаровски и Силјановска

Ако утре се одржат претседателски избори, 25 отсто од граѓаните би се изјасниле за Стево Пендаровски, 22,4 проценти за Гордана Силјановска, 10,9 отсто за Блерим Река, а 17,9 отсто не би поддржале ниту еден од овие кандидати, покажува анкетата спроведена од М-проспект за ТВ Телма.

Од анкетираните, вкупно 18,3 отсто сé уште не одлучиле за кој кандидат ќе гласаат.

На прашањето „За кој кандидат ќе гласате на претседателските избори”, анкетата покажува различни резултати зависно од националната припадност. Вкупно 26,1 отсто од македонските испитаници се за Стево Пендаровски, 32,2 процента за Гордана Силјановска, а 0,9 се за Блерим Река, додека испитаниците од албанска националност, со 15,2 отсто го поддржуваат Пендаровски, 0,4 се за Силјановска, а 41,4 се за Блерим Река.

Согласно проекциите за вториот круг, ако во трка се Пендаровски и Силјановска, 32,4 отсто од гласачите би го поддржале кандидатот на СДСМ, а 26,2 процента би биле за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот