Дали знаевте? Зошто бананите во продавниците најчесто се број 1 на вагите

Foto: Alexander Blinov / Alamy / Alamy / Profimedia

Дали сте забележале дека етикетата за бананите во продавниците е секогаш број еден?

Бананите се една од намирниците што многу луѓе ја обожаваат, а се и меѓу најпродаваните овошја во продавниците. Покрај тоа, кога на етикетите за тежина се пристапува по азбучен ред, бананите се исто така на врвот на листата.

Секако, производите како артичока, ананас или авокадо доаѓаат по азбучен ред пред бананите, но поради популарноста и зачестеноста на купувањето банани, тие го задржаа бројот 1 на скалата, што значи дека купувачите не мора долго да трагаат по нив, пишува „Гет ту текст“ (Get To Text).

Бананите не се сезонско овошје бидејќи може да се одгледуваат во текот на целата година, а најмногу банани се консумираат во Руанда: 279 кг банани по глава на жител.

Прехранбената индустрија користи скала со 7 бои за да ја одреди зрелоста на бананите, некои претпочитаат целосно зелени банани што ги готват пред консумирање, додека други купуваат речиси кафеави банани кои поради својата сладост се одличен додаток на колачите и разните домашни пијалаци.

Американскиот трговски синџир „Волмарт“ во 2013 година открил дека бананите се најпродаваниот производ во нивните продавници.

Веб-страницата „Саенс митс фуд“ (Science Meets Food) пишува дека бананата е најпопуларното овошје во светот и е четврта највредна прехранбена култура во светот, по пченицата, оризот и млекото. „Национална географија“ пишува дека бананите сочинуваат приближно 75 отсто од трговијата со тропско овошје и дека годишно се јадат повеќе од сто милијарди од нив. Тие се и најизвезуваното овошје во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот